Есенски колач со кекс, јаболка и банани

Есенски колач со кекс, јаболка и банани

Одличен е со чај во есенските денови…

Состојки:

  • 200 гр кекс
  • 100 гр мелен кекс
  • 3 банани
  • 3 јаболка
  • 150 гр мелени ореви (може несолени лешници или бадеми)
  • 100 гр шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • половина литар млеко
  • 2 лажици шеќер
  • шлаг (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги јаболката, крупно изрендајте ги и ставете ги во поголема чинија.
  2. Додајте изгмечени банани, мелени ореви, мелен кекс, шеќер и добро измешајте.
  3. Тацна или тепсија обложете со кекс. На кексот нанесете фил и израмнете ја површината.
  4. Подгответе пудинг според упатството на кесичката.
  5. Нанесете пудинг на филот и оставете да се излади.
  6. Сечете на коцки, а по желба можете да ги украсите ги коцките со шлаг.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз