Десерт на денот: Чоколадна кремпита

Десерт на денот: Чоколадна кремпита

Направете вкусна чоколадна крем пита од која ќе си ги излижете прстите. Неодолива арома ќе се рашири од кујната.

Состојки:

  • 2 јајца
  • 60 гр шеќер
  • 2 лажици млеко
  • 40 гр масло
  • 1 кесе рум
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица какао
  • 50 гр бадеми
  • 150 гр чоколада
  • 1 крем за кремпита

Подготовка:

  1. Жолчките изматете ги со пола од шеќерот и додајте млеко, масло и брашно. Ставете ги и румот и какаото со мелените бадеми.
  2. Изматете снег од белките настрана, со остатокот од шеќерот.
  3. Смесата ставете ја во калап и печете 20 минути на 170 степени.
  4. Чоколадото растопете го на пареа и соединете го со кремот кој сте го направиле по упатствата.
  5. Ставете го кремот на колачот кога ќе го  извадите од печење.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

 

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*