„Розен колачиња” – Сите ќе ви бараат репете

„Розен колачиња” – Сите ќе ви бараат репете

Направете вкусни розен колачи кои никого нема да остават рамнодушен. Верувајте, вкусот е незаменлив, а се прават брзо и лесно.

Состојки:

  • 1 пакување кори за розен торта
  • 400 гр мелени ореви
  • 2 дл вода
  • 200 гр шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр шеќер во прав
  • 3 лажици вода
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица масло
  • 1 розова боја за колачи

Подготовка:

  1. На оган се става шеќерот со водата да проврие, па се остава додека не се растопи целосно. Се додава маргаринот, па мелените ореви. Се трга од оган и се меша додека не се соедини.
  2. Корите се филуваат во тенки слоеви, по 4 лажици на кора, и се редат една врз друга. Последната не се филува.
  3. Се ставаат во ладилник 3-4 часа.
  4. Се спрема глазурата. Шеќерот во прав се меша со вода, лимонов сок и со маслото.
  5. Може да се додаде и розе бојата за колачи.
  6. Премачкајте ги колачите со оваа смеса.Уживајте и гответе со љубов 🙂

Повеќе десерти на Готви.мк:

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

Чоколадна баклава

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега