Вино, мезе и музика: Пет дена ќе уживаме во Вино Скоп

Вино, мезе и музика: Пет дена ќе уживаме во Вино Скоп

Десеттиот фестивал на виното „Вино Скоп 2016“ од денеска до 2 октомври ќе се одржува на плоштадот „Мајка Тереза“ или платото пред МОБ.„Вино Скоп“ ќе биде отворен за посетители од 12 часот, до доцните вечерни часови. Во петте фестивалски денови посетителите ќе може да дегустираат вино од десет македонски винарии, вински коктели-сангрија и вино мохито. Покрај виното ќе има македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи.

Годинава во музичката програма ќе има џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно, шлагери…

– Веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде може да паркираат оние кои ќе доаѓаат со возила. Препорачуваме сите кои планираат да конзумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси, соопшти организаторот.

Организатор е „Темов“, а покровител е Град Скопје. Влезот на фестивалот како и секоја година е бесплатен.

Поврзани вести на Готви.мк:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

18+ ВИДЕО: Дали ова видео на ЈуТјуб е порно или музички спот?