Кремаста торта со пишкоти готова за 10 минути!

Кремаста торта со пишкоти готова за 10 минути!

Се прави за само 10 минути, а вкусот е фантастичен…

Состојки:

  • 5 кисели павлаки
  • 2 големи кутии пишкоти
  • 10 лажици шеќер
  • 2 лажици мед
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • малку рум
  • 500 гр овошје (јагоди, малини, киви, вишни)
  • шлаг

Начин на подготовка:

  1. Наредете ги пишкотите во длабок сад (пластична кутија). На нив наредете овошје.
  2. Со лажица разматете ги павлаката, медот, ванилиниот шеќер и шеќерот, па со овој крем прелијте го овошјето. Во павлаката, ако сакате кремот да биде поцврст, додајте растопено желе.
  3. Изладете го колачот 2-3 часа во фрижидер, па прекријте го со шлаг.
  4. Украсете со овошје или рендано чоколадо.

Уживајте!

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

Песок торта

singlepost_text