СОН НА СЕКОЈА ДОМАЌИНКА: Направете го денес и ќе имате ручек за наредните четири дена! (ВИДЕО)

СОН НА СЕКОЈА ДОМАЌИНКА: Направете го денес и ќе имате ручек за наредните четири дена! (ВИДЕО)

Не морате секој ден да станувате неколку часа порано за да готвите, доволно е само добро да се организирате. Издвојте малку време еден ден и подгответе оброци за цела работна недела!

Пробајте го овој вкусен и хранлив оброк и ќе бидете воодушевени!

Состојки:

  • 600 гр пилешко бело месо
  • сол, бибер
  • 1 лажица сечкан лук
  • 1/2 шолја соја сос
  • 1/3 шолја мед
  • 1 лажица сусам
  • 1 главица кромид
  • 2 пиперки
  • брокули

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото бело месо исечкајте го на коцки, па ставете го во тава со малку масло. Додајте сол и бибер и пропржете го месото. Потоа додајте лук, соја сос, мед и сусам и гответе додека сосот не згусне.
  2. Потоа извадете го пилешкото месо, па во сосот ставете една главица исечкан кромид, една исечкана пиперка и брокули, промешајте, поклопете па оставете да се динста неколку минути.
  3. На малку зготвен ориз ставете го зеленчукот и пилешкото, па додајте малку сусам.

Од подготвената количина можете да добиете четири порции, кои можете да ги чувате во фрижидер до четири дена. Сјајна идеја, зар не?

Поврзани рецепти на Готви.мк

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук