Никогаш повкусни: Мафини со џем

Никогаш повкусни: Мафини со џем

Сите ќе бидат воодушевени од овие мафини со џем, а особено најмладите.

Состојки:

Ingredients

  • 2 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • малку цимет
  • 1 дл масло
  • 2 дл млеко
  • 13 лажици брашно
  • 3 лажици гриз
  • кесичка прашок за пециво
  • лажица како прав
  • џем од кајсии
  • 100 гр чоколадо

Начин на подготовка:

Directions

  1. Во сад за мешање изматете ги јајцата со шеќер и ванилин шеќер. Во разматените јајца додајте масло, млеко цимет, гриз и брашно измешано со прашок за пециво.
  2. Се` добро соединете. Смесата поделете ја на два дела, па во еден додајте какaо.
  3. Во плех за мафини ставете хартиени копри, а потоа во секоја ставете од жолтата смеса до третина од калапот.
  4. Преку тоа ставете по половина лажичка џем од кајсии, па од горе ставете темно тесто, да го прекрие џемот. Мафините печете ги околу 20 минути на 200 степени, во претходно загреана печка.
  5. Печените мафини оставете ги да се изладат неколку минути, а потоа извадете ги од хартиените корпи.
  6. На тивок оган растопете чоколадо, во кое претходно сте додале две лажици млеко и лажица масло, па прелијте ги мафините.

Уживајте

Поврзани вести на Готви.мк

Чоколадни мафини

Капкејк мафини

Ултра брзи пица мафини

Мафини од банани

Брзи овесни мафини

ВИДЕО: Мафин рози од јаболко