ВКУСЕН РУЧЕК: Ребра во фурна

ВКУСЕН РУЧЕК: Ребра во фурна

Подгответе вкусен ручек – свински ребра во фурна…

Состојки:

  • 500 гр ребра
  • 4-5 компири
  • 1/2 главица лук
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови
  • сол
  • бибер
  • пипер

Начин на подготовка:

  1. Свинските ребра исечете ги на прачиња. Зачинете со сол, бибер, пипер. Лукот ситно исечкајте го и посипете го по ребрата. Прелијте ги со масло и оставете ги да отстојат преку ноќ или неколку часа.
  2. Компирот исечете го на коцки, морковот на кругови, а кромидот на крупни парчиња. Измешајте, зачинете со сол и бибер и ставете во подмачкан огноотпорен сад.
  3. Маринираните свински ребра ставете ги преку компирот и прелијте со остатокот од маринадата. Додајте малку вода (околу 1 дл).
  4. Затворете го садот и печете во рерна на 200 степени околу час и половина…

На здравје!

Поврзани рецепти на Готви.Мк

Пијани печурки

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Динстано телешко со печурки

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Брзо и посно: Печурки со сусам

Мусака со печурки

Печурки во бел сос