Стартува бербата на јаболкото во Преспа – 3 јаболка дневно топат килограми!

Стартува бербата на јаболкото во Преспа – 3 јаболка дневно топат килограми!

Со традиционалната манифестација „Преспански јаболкобер“ која ќе трае 5 дена и официјално е означен почетокот на овогодинешната берба на јаболкото.

Ние ве потсетуваме на важноста од консумирање на јаболкото во секојдневната исхрана. Не само поради своите здрави состојки, туку јаболкото и како сојузник во слабеењето. Еве ги деталите:

Здрав режим на исхрана кој овозможува намалување на телесната тежина. Ова овошје треба да го јадете пред доручек, ручек и вечера.

Јаболко на ден помага да останете здрави, а три можат да ви помогнат да го изгубите вишокот килограми.

Со оваа диета, секоја недела телото ќе ви биде полесно за по еден килограм. Диетата ја осмислила американската нутриционисткаТамиФлин и таа подразбира пред појадок, ручек и вечера изедете по едно јаболко. На овој начин ќе го засилите чувството за ситост и за време на оброкот во организмот ќе внесете помала количина храна.

Јаболката се богати со диетални влакна кои поволно влијаат на варењето и го намалуваат нивото на холестеролот, тие исто така, содржат и флавоноиди кои помагаат во спречување на срцеви заболувања.

За време на овој режим на исхрана, се советува внесување на четири до пет оброци дневно, додека внесување грицки и слатки е забрането. Секој главен оброк би требало да содржи протеини бидејќи тие го намалуваат апетитот и го забрзуваат губењето килограми. Како би ја намалиле желбата за слатки, треба да јадете што повеќе овошје и зеленчук. Од намирниците се препорачуваат уште обезмастен јогурт, обезмастено сирење, зелени салати, брокули, јајца, говедско месо, пилешко месо, мисиркино месо, овес, интегрален ориз.

Со цел овој режим на исхрана да биде што подобар, експертите советуваат и лесно вежбање три до четири пати неделно во траење од 30 минути.

Пример за оброци

Доручек: едно јаболко, омлет од јајца и обезмастено сирење

Ужина: парче обезмастено сирење и чаша обезмастен јогурт

Ручек: едно јаболко, пилешки гради на скара, варени брокули, интегрален ориз.

Ужина: шолја какао

Вечера: едно јаболко, риба на скара, зелена салата

Повеќе вести на Готви.мк

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија

На традиционален британски појадок со Џон Њуман

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

10 „убијци“ на вишокот калории

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?