Крцкав компир во кари – омиленото јадење со нов вкус

Крцкав компир во кари – омиленото јадење со нов вкус

 Иако често знаеме да направиме пилешко во кари, верувајте, овој здрав зачин може да го комбинирате и со компири и да добиете неверојатно добар вкус. Еве што ви е потребно за нов специјалитет во кујната:

Состојки:

  • 150 мл кокосово масло 
  • малку маслиново масло 
  • кари 
  • 20 помали млади компири 
  • сол,бибер и зачини по желба 

Подготовка:

  1.  На загреано маслиново масло во тава се става кари зачинот. Се додаваат и компирите кои претходно треба да бидат измиени, излупени и исечени. Кратко се пржи, па се додава кокосовото масло. Доколку не ви е доволно течно, може да додадете и обично млеко во смесата, по желба. 
  2. Смесата се крчка додека млекото не биде густо. Се додаваат сол, бибер или други зачини по желба. 
  3. ПРЕПОРАКА: Одлично оди со парче месо. 
  4. Уживајте во пикантниот вкус!

Повеќе вести на Готви.мк

Шпагети „Карбонара”: Одличен ручек за љубителите на италијанската кујна

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук