Магичен колач од 3 слоеви подготвен во еден плех! (ВИДЕО)

Магичен колач од 3 слоеви подготвен во еден плех! (ВИДЕО)

Иако има три слоеви, не може да биде полесен за подготовка и токму во тоа се крие неговата магија…

Зошто се нарекува Магичен колач?

Затоа што од едно тесто кое се пече во еден плех добивате колач со три различни слоеви: на врвот е бисквит, во средината крем, а на дното густ слој како бисквит без дупчиња.

Колачот се подготвува од наједноставни состојки, а магијата настанува поради начинот на кој состојките се додаваат во смесата. Колачот се пече на ниска температура 50 минути. Во тоа време состојките се раздвојуваат во три слоеви.

Слојот на дното настанува поради мешањето на жолчките со брашното, средниот кремаст слој настанува бидејќи размерот на млеко и брашно е поголем отколку кај другите рецепти за колачи, додека горниот бисквит е разматена белка која во печењето испливува на површина.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 1 лажица вода
  • 90 гр шеќер
  • 90 гр путер (растопен)
  • 90 гр брашно
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • малку сол
  • 375 мл млеко

Начин на подготовка:

  1. Одвојте ги белките од жолчките, па жолчките ставете ги во еден сад, а белките во друг. Додајте им лажица вода и шеќер. Добро измешајте со жица за матење.
  2. Кога смесата ќе стане хомогена, постепено додавајте путер истовремено мешајќи ја смесата. Користејќи сито додајте брашно, па повторно измешајте. Додајте екстракт од ванила и сол, па измешајте. Потоа додајте малку млеко истовремено мешајќи ја смесата. Во друг сад разматете белки додека не добиете снег. Снегот од белки додајте го во првата смеса и измешајте.
  3. Длабок плех во форма на круг со размер од околу 36 см премачкајте го со путер и излејте ја смесата. Ставете во рерна на 150 степени и оставете да се пече 50 минути.
  4. Извадете го колачот и посипете го со шеќер во пав. Исечете го и уживајте во овој мек, 3 во 1 магичен колач.

Во видеото погледнете како се подготвува колачот:

Повеќе поврзани вести на Готви.мк

Ќе ве врати во детството: Омилениот десерт на сите генерации

Десерт готов за 20 минути

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Пудинг од ориз

Чоколадна баклава

singlepost_text