ПРЕДЛОГ ЗА РУЧЕК: Сочно ќофте во зеленчук за цело семејство

ПРЕДЛОГ ЗА РУЧЕК: Сочно ќофте во зеленчук за цело семејство

Вкусот на неодоливо приготвено ќофте кој ќе стане омилен на целото семејство…

Состојки за ќофте:

  • 500 гр мелено месо
  • бајата кифла
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • сол, бибер
  • црвен пипер

Состојки за зеленчук:

  • 1 главица кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 тиквичка
  • 300 гр смрзнат грашок
  • 2 домати
  • 200 мл сок од домати
  • 200 мл супа од коцка
  • малку оригано
  • сол, бибер

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете ги двете главици исечкан кромид, па во половина омекнат кромид додајте магдонос и ставете го со меленото месо.
  2. Кифлата потопете ја во малку вода, исцедете и додајте ја во месото. Замесете ја смесата со јајце, сол, бибер и пипер.
  3. Обликувајте ќофтиња и кратко пржете ги на загреано масло. Кога ќофтињата ќе поруменат, извадете ги и оставете ги на страна.
  4. Во другата половина омекнат кромид додајте стапчиња исечкана пиперка, преполовени кругови од тиквичка и одмрзнат грашок.
  5. Динстајте полиено со сок од домат и супа. Кога зеленчукот ќе омекне, додајте гиисечканиот домат и ќофтето, посолете, ставете бибер и посипете со оригано. Ако сосот е редок, измешајте лажица густин.

На здравје!

Повеќе поврзани рецепти на Готви.мк

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

 

singlepost_text