Сочно месо во тава: Телешко со зачини и бело вино

Сочно месо во тава: Телешко со зачини и бело вино

Ако сте љубители на месо, ова е совршен рецепт за вас. Направете вкусно телешко месо со зачини и бело вино од кое ќе ги излижете прстите.

Состојки:

  • 2 кг телешко месо
  • 3 лукчиња
  • 2-6 ловорови листови
  • 1 гранче рузмарин
  • малку бибер и црвен пипер
  • сол
  • маслиново масло
  • 1 дл бело вино
  • неколку компири

Подготовка:

  1.  Месото посолете го, па испечете го на тава со маслиново масло во која ќе го ставите и лукот.
  2. Префрлете го месото откако ќе биде готово во тава со хартија. Ставете ги ловоровите листови, рузмаринот, биберот, сол и црвениот пипер.
  3. Посипете го белото вино, па ставете капак на тавата и печете на 150 степени околу час и половина.
  4. Половина час пред крајот извадете го капакот, зголемете на 180 степени и додајте неколку исечени компири.
  5. Откако месото ќе биде готово исечете го на даска и послужете го со компирот.
  6. На здравје!

Повеќе вести на Готви.мк:

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко