Ручек „Авијација“: Брз рецепт со состојки кои ги имате по дома

Ручек „Авијација“: Брз рецепт со состојки кои ги имате по дома

Овој рецепт кој ни го испраќа Ани се приготвува за 20 минути и се користат состојки кои ги имате по дома. Навистина изгледа вкусно, а еве како да го направите:

Состојки:

  • пилешко месо
  • кромид
  • лукче
  • печурки
  • зачини (сол, бибер, кари, босилек, оригано…)
  • сенф
  • тестенини

Начин на подготовка:

  1. Пилешкото месо, кромидот, лукот и печурките се сечкаат на парчиња.
  2. Се ставаат во тава со пржење според горенаведениот редослед сите состојки освен тестенините. Може да додадете и малку масло за готвење во тавата. Се пржи 20 минути на средно јак оган.
  3. Во меѓувреме ги ставате тестенините да се сварат според упатството на кесичката. Готовите тестенини се процедуваат и се додаваат во садот за пржење со останатите состојки.
  4. Оставете уште дополнителни 5 минути да се спојат вкусовите. Мешајте со дрвена или огноотпорна лажица.
  5. По желба и вкус можете да додадете и домат/доматен сос или павлака.

ВАЖЕН СОВЕТ: Балансот на состојките го правите вие според вашиот вкус. Можете да правите измени во рецептот доколку некоја од состојките ја немате во фрижидер.

На здравје!

Прочитај повеќе Gotvi.mk вести:

Вистински специјалитет – Бургер од растурено пилешко со барбекју сос

Салата која летово ќе ја правите секој ден

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

singlepost_text