ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ: Како да отстраните мирис на лук од рацете

ПРАКТИЧНИ СОВЕТИ: Како да отстраните мирис на лук од рацете

Лукот и кромидот имаат интензивен и иритирачки мирис кој најчесто трае многу подолго од готовиот оброк. Мирисот знае да се задржи долго на рацете, а особено во делот околу ноктите.

Доколку ви смета овој мирис, пробајте некои од овие совети.

  1. Рацете тријте ги со лажичка или друг прибор од нер’ѓосувачки челик под млаз ладна вода околу 1 минута. Се смета дека молекулите кои се одговорни за мирисот реагираат во допир со металот и се неутрализираат.
  2. Помешајте сол со малку вода додека не се направи паста. Истријте ги рацете со оваа паста, измијте ги и исушете ги. Пастата дополнително ќе направи и пилинг на рацете. Не заборавете да ставите крем после миењето. Доколку немате сол, пробајте и сода бикарбона, шеќер или мелено кафе. Во случај да имате рана на раката избегнувајте сол.
  3. Натопете ги рацете во сок од домат најмалку 5 минути. Измијте ги со средство за перење садови и ладна вода.
  4. Исцедете лимонов сок. Натопете ги рацете околу 3 минути, а потоа измијте ги. Доколку немате лимон, може и оцет или течност за испирање уста.
  5. Можете да искористите и кора д портокал со која ќе ги триете прстите од 2-3 минути.
  6. Истријте ги прстите со путер од кикиритки или со паста за заби.

Кога миете раце користете ладна вода. Топлата вода ги отвора порите во кои се вовлекува непријатниот мирис.

Можете да користите и хируршки ракавици.

Во некои продавници можат да се најдат и метални сапуни кои помагаат во отстранување на непријатните мириси на рацете.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Со неколкудневен природен третман повторно до убави и нежни лакти

Белите патики ќе бидат како нови – Еве како едноставно да ги исчистите

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

Флеки од мастило или тонер – Потребна ви е само 1 намирница и ќе ги извадите

БЕСПЛАТНО: Домашни средства за чистење флеки и перење на облека

Оставете ги децата да си играат во трева – Има евтин рецепт кој ги вади флеките

Чини само 1 денар – Рецепт со кој ќе ги освежите боите на алиштата

Ви смрдат патиките? Еве кои лекови ги предлагаат читателите

Кулинарски трик – Употребете ја оваа намирница и маслото нема да ви загорува при пржење

Едноставен трик со кој ќе ги избркате мувите од вашиот двор и балкон

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

ФОТО: Ѕирнете во Eqvita – ресторанот за здрава храна на Новак Ѓоковиќ

ВИДЕО: Драјв маркет – погледнете како ќе изгледа маркетот на иднината

singlepost_text