Спуштете го крвниот притисок со помош на сок од цвекло

Спуштете го крвниот притисок со помош на сок од цвекло

Сокот од цвекло е богат со хранливи материи и има многу здравствени предности. Добар е за создавање црвени крвни зрнца и го зајакнува телото.

Богат е со железо, што значи дека може да помогне во спречување на слабокрвност и ниско ниво на хемоглобин. Исто така, му помага на телото во апсорпцијата на железо, што овозможува добра циркулација на крвта.

Цвеклото влијае на метаболизмот. Му помага на телото да ја свари храната, особено онаа масната. Освен тоа, содржи влакна, што дополнително го олеснува варењето.

Сокот од цвекло, исто така, е добар за детоксикација на црниот дроб.

Оние кои имаат проблем со висок крвен притисок, а сакаат да си помогнат на природен начин, на располагање ја имаат оваа здрава намирница.

Цвеклото може да помогне во спречување на срцеви заболувања, срцеви удари и други кардиоваскуларни болести. Истражувањата покажале дека нитратите од цвеклото помагаат во снижување на крвниот притисок и на тој начин спречуваат висок крвен притисок.

А еве како да направите сок од цвекло…

Состојки:

  • 2 цвекла
  • 3 моркови
  • 1 јаболко
  • сок од 1 портокал

Сите состојки ставете ги во блендер и добро изблендирајте.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Домашен рецепт со кој нема повеќе да помислите на цвекло од тегла

Освежително и здраво: Смути од шумски плодови и цвекло

Богата посна трпеза

Витаминска салата A la amor