Нов рецепт за совршени тестенини: Макарони со грашок и пармезан

Нов рецепт за совршени тестенини: Макарони со грашок и пармезан

Тестенините можат да се подготвуваат на милион начини. Овој пат ви нудиме рецепт кој е неодоливо вкусен, а исто така и брз за подготовка. Тестенини со грашок и пармезан се совршенство во кујната.

Состојки:

  • 200 гр грашок
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лук
  • 200 мл павлака за готвење
  • 150 гр пармезан
  • 400 гр макарони
  • зачини

Подготовка:

  1.  Тестенините се подготвуваат на вообичаен начин, во врела солена вода. Во посебен сад се вари грашокот.
  2. Во тава со маслиново масло се  става лукчето, па му се додава грашокот откако ќе се обари, заедно со павлаката за готвење.
  3. Откако смесата ќе зоврие, се додаваат тестенините и зачините по желба.
  4. Најгоре ставете пармезан.
  5. Декорирајте со магдонос на чинијата.

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство