Палачинки како главно јадење? Оваа комбинација е непогрешлива!

Палачинки како главно јадење? Оваа комбинација е непогрешлива!

Сите знаат да подготват палачинки, а со малку имагинација, тие можат да станат и сјајно главно јадење. Варијации на темата има многу: полнете ги со шунка и кашкавал, зеленчук, свежо сирење… Се зависи од вашите желби или пак состојките кои ви се на располагање.

Направете палачинки од 2 до 3 јајца, 200 гр глатко брашно, 400 мл млеко и малку сол. Овој пат не ставајте шеќер или кора од лимон.

Состојки за полнењето:

  • 200 гр шунка Пекабеско
  • 200 гр кашкавал
  • оригано
  • неколку лажици доматно пире или излупени домати (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Печените палачинки наполнете ги со изрендани кашкавал и шунка, па зачинете. Долниот и горниот крај на секоја палачинка свиткајте кон внатре за да не тече полнењето.
  2. Подгответе огноотпорен сад и премачкајте со путер, па во него наредете ги палачинките.
  3. Ставете изрендан кашкавал на врвовите на палачинките.
  4. Печете 10 – 15 минути на 200 степени и вашиот ручек/вечера е подготвен!

Добар апетит!

Повеќе поврзани рецепти на Готви.мк

Чоко палачинки со крем од ванила и јагоди

Рецепт за палачинки кои можете да ги јадете неограничено

За сите гурмани – Палачинки кватро салами

Посно: Палачинки без зејтин

Американски палачинки по врвен, а едноставен рецепт

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

Овошен колач со јагоди

 

singlepost_text