Наједноставно ќофте во сос: Со тестенини или пире, вкусот е фантастичен!

Наједноставно ќофте во сос: Со тестенини или пире, вкусот е фантастичен!

Ви пренесуваме рецепт за наједноставна подготовка на вкусно ќофте…

Состојки:

  • 300 грама мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  •  4 чешниња лук
  •  кора од леб
  • сол, бибер, пипер

За сос:

  • 1/2 шолја масло
  • 1 лажица брашно
  • 200 мл варени домати
  • малку зачин
  • малку шеќер (по вкус)

Начин на подготовка:

  1. Кромидот и лукот исечкајте ги ситно и измешајте ги во месото. Додајте едно јајце, ситно исечкана кора од леб и зачини. 
  2. Сè добро изгмечете со раце. Добиената смеса обликувајте ја во форма на мали ќофтиња, а потоа пржете ги на масло. 
  3. Кога ќофтињата ќе бидат готови, ставете ги на салфети како би се исцедил вишокот маснотии.

Подготовка на сос:

  1. Испржете половина шолја масло со брашно, додека брашното не зарумени. 
  2. Додајте го варениот домат и мешајте за да не се создадат грутки. Во смесата ставете малку вода и гответе 2-3 минути. 
  3. Зачинете по желба. Послужете како прилог со ќофтињата.

Совет: Ќофтињата во сос можете да ги сервирате со тестенини или пире.

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

СОВЕТ: Како да направите добра маринада за скара на жар

9 совети за вкусна и сочна скара

Зеленчук на скара

singlepost_text