Компир кој се топи во уста – готов за половина час!

Компир кој се топи во уста – готов за половина час!

Дека компирот е намирница која може да се комбинира и подготвува на бројни начини веќе е добро познато. Овој пат ви пренесуваме едноставен рецепт – потпечен компир со кисела павлака.

Состојки:

  • 1/2 кг компир
  • 50 гр пармезан
  • 500 мл павлака за готвење
  • 3 чешниња лук
  • сол
  • пипер
  • зачин по желба

Начин на подготовка:

  1. Излупете ги компирите и кратко варете ги, па исечете ги на парчиња.
  2. Додајте ги сите останати состојки и сè заедно ставете во сад за печење.
  3. Печете во однапред загреана рерна на 180 степени половина час.
  4. Кога компирот ќе зажари, извадете го од рерна и истурете го вишокот од течноста во посебен сад.
  5. Вратете ги компирите во печка уште пет минути и вашето јадење е готово!

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо

singlepost_text