СЈАЕН ТРИК: Подгответе пица во тава (ВИДЕО)

СЈАЕН ТРИК: Подгответе пица во тава (ВИДЕО)

Ако сакате пица, но немате време да вклучувате рерна, имаме вистинско решение за вас. Своето омилено јадење можете да го подготвите и во тава, само важно е да имате капак.

Состојки за тесто за пица:

  • околу 250 гр пченично брашно
  • 1 шолја вода
  • 1/2 лажичка квасец
  • 1/3 лажичка сода
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол

Состојки за сос:

  • шунка
  • рендан кашкавал
  • кечап
  • оригано
  • маслинки
  • и се што сакате да ставите на пицата

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сите суви состојки, поточно, во брашното додајте шеќер, сол, квасец и сода. Додајте вода и месете го тестото додека не престане да се лепи на рацете. Кога ќе завршите со тестото, оставете го малку да отстои.
  2. По еден час, земете го тестото и ставете го во тавата, во која претходно сте ставиле масло. Печете на силен оган околу пет минути, а потоа сврете го од другата страна.
  3. Намалете ја температурата и распоредете шунка, кечап, оригано и се што сакате по тестото.
  4. Тавата поклопете ја и печете ја пицата на умерена температура. Јадењето е готово кога кашкавалот ќе се растопи.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Вкусен појадок

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт