Брза чорба од домати за цела фамилија – Рецепт кој чини 50 денари

Брза чорба од домати за цела фамилија – Рецепт кој чини 50 денари

Едноставен рецепт за вкусна и брза чорба од домати и морков кој ни го праќа Леа. Подготовката е за 4 лица, а Леа вкупно ја чинело 50 денари.

Состојки:

  • 1 кг домати
  • 3-4 парчиња морков
  • сол
  • бибер
  • маслинов зејтин

Начин на готвење:

  1. Се лупат доматите и се сечат на помали парчиња. Се пропржуваат на маслинов зејтин со сол. Се додава 1 литар вода.
  2. Во друго тавче се пропржуваат претходно изренданите морковите на маслиново масло додека да омекнат, а потоа се додаваат во доматите.
  3. По вкус се додава бибер, а може и малку босилек. Доколку сакате вкусот на доматот може да го дополните и со фиде или некои други тестенини/зеленчук.

На здравје!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Супа од зеленчук за намалување на килограми

Рибја чорба

Телешка чорба со домашно лепче

Крем чорба од тиква и компири

Пролетна супа

Посна чорба која е неодоливо вкусна

Крем супа од моркови

singlepost_text