Редена салата со модри патлиџани

Редена салата со модри патлиџани

Редена брза и вкусна салата по рецепт на Мимоза од Нов Зеланд. Вистинско освежување и неодолив вкус – еве како да ја приготвите:

Состојки:

  • модри патлиџани
  • ореви
  • лук
  • сол
  • магдонос
  • павлака

Начин на подготовка:

  1. Модриот патлиџан ставете го да се обари или испече. Оревите и лукот иситнете ги.
  2. Во проѕирен сад наредете ред од модриот патлиџан, а одозгора нанесете од оревите, лукчето, солта, магдоносот и малку павлака.
  3. Постапката повторете ја неколку пати и сервирајте.

Доколку постите или се храните вегетаријански, не ставајте павлака. На здравје!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Полнети печурки по најдобар рецепт

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Динстано телешко со печурки

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Брзо и посно: Печурки со сусам

Мусака со печурки

Печурки во бел сос