Ново на вашето мени: Пита со модар патлиџан

Ново на вашето мени: Пита со модар патлиџан

Соња ни испраќам нов рецепт со кој питата добива еден нов и неодолив вкус. Искористете ја сезоната на модри патлиџани и направете го овој специјалитет. Еве како:

Состојки:

  • 500 гр готови кори
  • 2-4 главици кромид
  • 3 модри патлиџани
  • 1/2 чаша масло за готвење
  • 3 јајца
  • 1 кисело млеко
  • 1 чаша кисела вода
  • сол
  • бибер

Начин на готвење:

  1. Кромидот исчистете го и и исечкајте го ситно, а модруте патлиџани исчистетете ги и обарете. Потоа исечкајте ги на коцки.
  2. Ставете ги на загреано тавче со масло да се пропржат. Додадете сол, бибер и зеленчуков зачин по вкус.
  3. Во плех за печење подмачкан со масло се редат по 2 готови кори и врз нов се нанесува од добиениот фил од кромид и модар датлиџан. Постапката се повторува.
  4. Питата се сече на парчиња и се полева со претходно изматена смеса од јајцата, киселото млеко, киселата вода и маслото.
  5. Се пече 40 тина мин на 200-250 степени.

На здравје!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Специјалитет на денот: Пита со мелено месо

Брза пита

Пита со Сирење

Домашна пита

Најдобар рецепт за вртена пита

Пита со спањак

Домашна пита со праз и сирење

Пита со готови кори по најдобар рецепт