Полнети пиперки – Рецепт кој никого не остава рамнодушен

Полнети пиперки – Рецепт кој никого не остава рамнодушен

Уште еден специјалитет, чиј рецепт во нашите краишта е развиен речиси до совршенство 🙂 Ви предлагаме да подготвите полнети пиперки по рецепт на Леа.

Состојки:

  • 1 кромид
  • 6 лажици ориз
  • 750 гр јунешко мелено место
  • 2 домати
  • 10 пиперки за полнење
  • магдонос
  • масло за готвење
  • зачини

Начин на готвење:

  1. Кромидот се сечка и се пропржува во таво на масло за готвење
  2. Го додаваме оризот, како и јунешкото мелено месо. Пржиме сè заедно 15 до 20 минути.
  3. Зачинуваме со сол и бибер по желба, а ги додаваме и ситно изренданите или смелени домати. Како алтепнатива можете да користите и пире од домати. Пред да биде зготвена, во смесата додаваме и магдонос по вкус.
  4. Во меѓувреме подготвуваме 10тина пиперки кои ги длабиме и чистиме од семките.
  5. Пиперките ги полниме со направената смеса од месо, а секоја пиперка ја затвораме со парчиња домат.
  6. Ги редиме во тава за печење. Додаваме малку вода и печеме околу 1 час на температура од 200 степени.
  7. СОВЕТ: За посочен вкус во тавата, покрај вода, додадете и малко свежо рендан домат или доматно пире и малку сол.

Многу сочно и вкусно. На здравје!

Полнети пиперки Леа 2

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Лубеницата е кралица на овошјето – вкусна чинија за многу здравје

Веднаш тркнете во маркет да купите ананас

Тие се најздравото овошје – сигурно не ни помисливте на нив

Сутлијаш со шумско овошје

Добар старт на денот: Егзотичен напиток за енергија

ВИДЕО: 4 магични трикови со овошје

Заборавете на ледот – одсега само ова ќе го ставате во пијачката