Гвакамоле – Рецепт за вкусен и здрав намаз

Гвакамоле – Рецепт за вкусен и здрав намаз

Леа ни го испраќа овој рецепт за брзо, освежително и здраво гвакамоле. Еве како да го приготвите:

Состојки:

  • 1 авокадо
  • 2-3 домати
  • 1 чешне лук
  • маслиново масло
  • 1/2 лимон

Начин на подготовка:

  1. Доматите се лупат, се сечкаат на парчиња и потоа се пасираат. Се додава исчистеното авокадо и заедно се пасира со доматите. Леа препорачува да се пасира со вилушка за да останат мали парченца и да не стане течно.
  2. Додадете ги толчениот лук, маслиновото масло и сол по вкус. Измешајте ги состојките.
  3. Лимонот исцедете го и сокот додадете го во гвакамолето. Повторно измешајте и оставете го во фрижидер да се излади. Потоа сервирајте.

Одлично оди со чипс или потпечени лепчиња, а е одлично мезе со добро друштво 🙂

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Измешајте кафе и маслиново – рецепт за пилинг за нега на усните

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?

Добра идеја – Фотографирајте храна на Instagram и бесплатно јадете каде сакате

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко