Временска прогноза: Што не чека по дождот и грмотевиците?

Временска прогноза: Што не чека по дождот и грмотевиците?

Времето во Македонија во текот на денешниот ќе биде променливо, на места значително облачно и посвежо, со локални врнежи од дожд со променлив интензитет, проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер. Температурата на воздухот ќе биде значително пониска во однос на претходните денови.Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 22 до 28 степени. УВ-индексот ќе изнесува 4.

Во Скопје времето ќе биде значително облачно, доста посвежо и ветровито со засилен северен ветер. Ќе има услови и за повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

Слично време се очекува и утре, а од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.

Повеќе вести на Готви.мк

БРАВО: Продиџи ќе донираат за настраданите во поплавите

Фондацијата на Ана и Владе Дивац повикуваат светот да донира за настраданите во поплавите

Пекабеско донираше 2,4 тони млеко и конзервирана храна за настраданите во поплавите

(ФОТО) Слаткар: Остај тастатурата и фати се за лопата

Сања за акцијата на Слаткар: Маж ми, дел од големите мажи!