Туристите во шок: Кафе 330, а пица 1.000 денари!

Туристите во шок: Кафе 330, а пица 1.000 денари!

Од лето во лето домашните, но и странски туристи се жалат на високи цени долж јадранскиот брег, како оние во продавниците, така и во кафулињата и рестораните.

Така RTL во својот прилог ги спореди цените на пица, сладолед и кафе во најпопуларните туристички дестинации на Јадранот со оние во Загреб.

Во текот на летото, јадранските дестинации доминираат со цените, па гостите за топче сладолед во Задар ќе платат во просек 8 куни, во Сплит 9, а во Опатија дури 10 куни. Додека во Загреб топче сладолед се продава за седум куни.

А судејќи по гужвите во кафулињата, гостите воглавно не прашуваат за цена. Секако, поскапите кафулиња се во првиот ред до морето. Додека во Загреб цената на едно кафе изнесува 9 куни, во Сплит е 11, а во Пула некаде се наоѓа и за 6 куни, но и за неверојатни – 40 куни (330 денари).

Едно од најпопуларните јадења, пицата, во Загреб се продава за 40 до 60 куни, а во Сплит чини од 70 до 90 куни, додека во Опатија чини дури 120 куни (1.000 денари).

Праќајте ни ги вашите искуства со цените на плажите во Македонија и странство на gotvi@gotvi.mk или на Facebook страната.

Прочитај поврзани Gotvi.mk вести:

Еспресо и кока кола 90 денари – Погледнете ги овие цени на плажа во Преспа

Викендов во Охрид на плажа – вода 40, еспресо 50 денари

Нес кафе 3,5 евра, тост 4 евра – Погледнете ги цените на оваа плажа кај Никити во Грција

Поскапо во Грција – на иста плажа во Неа Каликратија годинава повисоки цени

ФОТО: 30 денари еспресо на плажа – Еве каде се овие цени

Тост 70 денари, пиво 80 денари – Е ова се добри цени на море!

Кафе и сок 60 денари – Оваа година одиме тука на море

240 денари за цреши, 150 денари за кило праски – еве ги цените за летување во Црна Гора

Погледнете ги цените во рестораните и кафулињата во Грција

Погледнете ги цените во супермаркетите во Грција

Читатели реагираат: Грција не е толку скапа за одмор! Еве ги цените

Нови правила за влез во Грција – Дали дојде крај на „патлиџан“ туризмот?

 

Преземено од Скај.мк