Спој на два прекрасни вкуса: Пилешко со јуфки

Спој на два прекрасни вкуса: Пилешко со јуфки

Направете спој на италијанската кујна и пилешко месо. Ова јадење има одличен вкус.

Состојки:

  • 1 кг пилешко месо 
  • 250 гр јуфки 
  • 2 главици кромид 
  • црвен пипер 
  • магдонос 
  • масло

Подготовка:

  1. Пилешкото се чисти и се става во длабок сад со врела вода да се вари. Се сече на парчиња и се става во огноотпорна тава. Околу него се ставаат јуфките. 
  2. Кромидот се пржи, па се става во тавата заедно со водата во која се варело месото. 
  3. Ставете малку црвен пипер и магдонос. 
  4. Се пече 20 минути на 200 степени.
  5. Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук