Направете вкусна и необична салата која има неодолив вкус. Компир и краставица се совршена комбинација за одлична салата на вашата летна трпеза.
Состојки:
- неколку компири
- краставица
- ротквици
- 4 лажици маслиново масло
- 3 лажици јаболков оцет
- 2 лажици сенф
- зачини
Подготовка:
- Излупете го компирот, исечете го на коцки, па варете го во солена вода. Краставиците и ротквиците измијте ги и исечете ги исто така на коцки.
- Во чинија ставете 4 лажици маслиново масло, 3 лажици јаболков оцет, зачини и две лажици сенф. Компирот ставете го внатре заедно со краставиците и ротквиците. Добро измешајте.
- Оставете во ладилник половина час пред послужување.
- На здравје!
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт
Зеленчукова ужинка за на работа
Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки