Во Македонија невидени поплави, а на Блискиот Исток се очекуваат жештини дури до 77 степени

Во Македонија невидени поплави, а на Блискиот Исток се очекуваат жештини дури до 77 степени

Рекордни температури кои биле забележани оваа година во земјите од Мароко до Саудиска Арабија може да биде само најава на вистинските жештини на земјата кој само што не пристигнал, предупредуваат експертите за климатологија.

Како што пишува Washington Post, во наредните децении Блискиот Исток ќе го погодат екстремни температури кои ќе бидат невозможни да се преживеат како и останатите последици од глобалното затоплување. Ако тоа се случи ќе има поголема бегалска криза од оваа денеска на која сме сведоци, изјави висок советник на арапските земји во ОН кој го  проучува влијанието на климатските влијанија на Блискиот Исток.

„Ќе продолжат температурите да растат, ќе има големи бегалски кризи во однос на овие“, денеска предупредува Адел Адбелатиф.

Во Обединетите Арапски Емирати и во Ирак се измерени рекордни температури. Во Саудиска Арабија измерени се 52, а во Ирак 54 степени. Тие мерења ги потврдила и Светската метеоролошка организација со тоа се соборени рекордните температури на источната хемосфера.

Во списанието Nature Climate Change неодамна е објавено дека на Персискиот залив би можело до крајот на овој век да остане целосно напуштен бидејќи дневните температури можат да достигнат и до 77 целзиусови степени.

Повеќе вести на Gotvi.mk:

ФОТО: Како Skyrunning Србија го претставија невремето во Скопје

ВИДЕО: Еве колку силно се гледало скопското невреме од Косово

БРАВО: Продиџи ќе донираат за настраданите во поплавите

Фондацијата на Ана и Владе Дивац повикуваат светот да донира за настраданите во поплавите

Пекабеско донираше 2,4 тони млеко и конзервирана храна за настраданите во поплавите

(ФОТО) Слаткар: Остај тастатурата и фати се за лопата

Сања за акцијата на Слаткар: Маж ми, дел од големите мажи!

НЕВРЕМЕ: Донации за семејствата на загинатите и настраданите во поплавите – Еве како да помогнете

Еве како да донирате за настраданите во поплавите

 

Преземено од Прес24

singlepost_text