Домашна веге пица – рецептот кој сите ги освои

Домашна веге пица – рецептот кој сите ги освои

Нов специјалитет кој го приготви Јулија – Веге пица по домашен рецепт. Се прави во секаква варијанта, и со млечни производи и без нив. Еве како да ја направите:

Состојки за подготовка на тесто:

  • 500 гр брашно
  • 3 мали лажици сол
  • 2 големи лажици шеќер
  • 1 квасец или прашок за печиво
  • 250 мл вода
  • масло за готвење

Состојки за пицата:

  • доматно пире
  • босилек
  • кромид
  • пиперка
  • моцарела
  • модар патлиџан
  • тиквичка
  • кравји или мешан кашкавал
  • кубети од пармезан
  • маслинки
  • маслиново масло
  • лук
  • рукола

Веге пица Јулија 2

Начин на готвење:

  1. Направете го тестото по стандарден рецепт според состојките наведени погоре и оставете го да отстои.
  2. Наредете го во плех за печење и намачкајте го по целата површина со доматен сос. Ставете насекаде од ситно сечканите ливчиња босилек, како и тенко сечкани парчиња кромид и пиперка.
  3. Потоа се редат тенко исечените парчиња моцарела, тенко сечканите или на коцки модар патлиџан и тиквичка.
  4. По вкус и доколку не постите изрендајте малку кравји или мешан кашкавал, како и кубети од пармезан и ставете ја да се пече.
  5. На половина од печењето премачкајте ги краевите на пицата со смеса од маслиново масло и ситно сечкан лук за шмек и вратете да се допече.
  6. Откако ќе биде готова, пицата ја вадиме од рерната.
  7. Врз неа ги ставаме маслинките и листовите рукола.

СОВЕТ: Доколку постите или се храните вегетаријански без консумирање на млечни производи, моцарелата,  кашкавалот и кубетите заменете ги со производи од растително потекло.

После ова вкусно јадење, одлично оди добро кафе по вкус 🙂

Прочитајте поврзани рецепти:

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

Домашна пица

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами

singlepost_text