Потпечена тава со пилешко месо и печурки – рецепт кој сите ке ви го бараат

Потпечена тава со пилешко месо и печурки – рецепт кој сите ке ви го бараат

Вистински специјалитет на кој тешко ќе му одолеете. Всушност станува збор за рецепт за потпечена тава со пилешко месо, кашкавал и печурки. Многу вкусно!

Состојки:

  • 2 кг стек
  • 3 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 500 гр печурки
  • 1 лажица сенф
  • 100 мл бело вино
  • 200 гр рендан кашкавал
  • 200 гр кисела павлака
  • 1 лажица црвен пипер

Начин на готвење:

  1. Измијте го стекот и ставете го во сад за варење. Додадете сол по вкус и варете 20 минути на среден оган. Откако стекот ќе се свари, исецкајте го стекот на не многу мали коцки, полијте го со масло за готвење, додајте зачинал и убаво промешајте ги парчињата стек. Оставете ги да отстојат малку.ѓ
  2. Во загреано тавче се запржува кромидот со малку масло и сол. Се додаваат претходно исецканите печурки да се пропржат заедно со кромидот. Содржината од тавчето се истура во поголем сад и се меша.
  3. Истовремено, во големиот сад се додаваат и исецканиот варен стек, сенфот, биберот, црвениот пипер, солта, магдоносот и белото вино. Сето ова убаво се промешува.
  4. Наредете во земјена тава за печење. На дното се става малку масло, а потоа се додава половина од ренданиот кашкавал кој се распоредува подеднакво на сите страни. Се ставаат 3 лажици од киселата павлака, се додаваат мешаните состојки од големиот сад и повторно се реди кашкавал и павлака (ние употребивме павлака Пекабела).
  5. Земјеното тавче се става во загреана рерна на 250-300 степени и се пече 40 минути или се додека месото не зацрвени.

Повеќе Gotvi.mk рецепти со пилешко месо тука

Можете да го сервирате со зеленчук или пржен компир. На здравје!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Домашна пица

Домашна пица капричиоза

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами

singlepost_text