Пица со кулен, сланина и феферонки – Новиот омилен пикантен деликатес

Пица со кулен, сланина и феферонки – Новиот омилен пикантен деликатес

„Дoждливиот викенд секoгaш е пoубaв сo вкуснo нaпрaвенa пицa“, вели Ангела Велинова која ни го испраќа овој одличен рецепт за пикантна пица во која ќе уживате со вашите најблиски. Навистина одлично изгледа и ја има Gotvi.mk препораката.

Состојки за 1 пица:

  • 1 тесто
  • 200 гр кравји кашкавал
  • 40гр кулен
  • 2 парчиња сланина
  • 1 феферонка
  • кечап
  • оригано
  • павлака
  • 3 маслинки

Пица пикантна (Ангела) 2

Directions

  1. Врз тестото за пица се нанесува насекаде кечап.
  2. Ренданиот кашкавал се распоредува убаво врз целото тесто, а потоа се додаваат куленот и сланината кои се веќе исечкани на тенки парчиња. За подготовка на оваа пица Ангела употребила кулен на Пекабеско.
  3. Феферонката се сечка на тенки парчиња и се распоредуваат неколку околу кашкавалот.
  4. Пред да се стави во веќе стоплена рерна, на краевите се додава оригано.
  5. Се пече на 180 степени дваесетина минути. Се вади од рерна вкусната пица и се става за послужување. На средина се декорира со топка павлака и 3 маслинки.

И уживанцијата може да започне 🙂

 Поврзани рецепти на Gotvi.mk

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Домашна пица

Домашна пица капричиоза

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами

Пекабеско сланина