Направете вкусни мини ролати од тиквички и сирење кои имаат богат вкус. А, одлично се вклопуваат на трпезата за било која семејна прослава или бобра журка 🙂
Состојки:
- 2 тиквички
- 1 јајце
- 200 гр шунка
- 200 гр кашкавал
- 100 мл млеко
- 5 лажици брашно
- топка моцарела
- сол
- бибер
- масло
Подготовка:
- Брашното, јајцето и млекото ставете ги во сад и мешајте, па додадете ги зачините.
- Тиквичките исечете ги на ленти, ставете им сол, и убаво поминетеги во смесата со јајце,брашно и млеко. Ставете ги лентите на плех со хартија, и на нив наредете шунка, кашкавал и моцарела.
- Замотајтеги лентите од тиквички во форма на ролат и затворете ги со фолија.
- Печете 20 минути на температура од 180 степени.
- Добар апетит и добра забава!
Боранија со тиквичка – посен и многу вкусен ручек
Печени тиквички со пилешко месо и зеленчук
ВИДЕО: 3 брзи видео рецепти за пица
ВИДЕО: Рецепт за пица кој не се пече во рерна