Сезона на модри патлиџани – Рецепт кој често ќе го правите

Сезона на модри патлиџани – Рецепт кој често ќе го правите

Леа повторно изненадува, и тоа се подразбира дека во позитивна смисла 🙂 Таа ни испраќа рецепт за полнети модри патлиџани кој ќе ве остави без здив. А, и сите на трпезата, па затоа летово овој специјалитет често ќе го готвите.

Состојки:

  • 1/2 кг свежи шампињони
  • 5 модри патлиџани
  • 2-3 домати
  • 2-3 чешниња лук
  • 2-3 главици кромид
  • 2 моркови
  • 3-4 зелени пиперки
  • магдонос

Начин на готвење:

  1. Се сечкаат кромидот, лукот, срцевината од модриот патлиџан, печурките, морковите и се пропржуваат со малку сол и бибер.
  2. Се полнат претходно обарените издлабени модри патлиџан.
  3. Врз секој наполнет црн патлиџан се ставаат тенки листови/парчиња од доматот, како и малку магдонос. Се печат во рерна на температура од 200 степени околу половина час додека да омекнат.
  4. Пред крај врз секој модар патлиџан се ставаат парчиња кашкавал.
  5. Доколку постите или се храните вегетаријански употребете тофу сирење наместо кашкавалот или воопшто направете ги без млечни производи.

На здравје!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Полнети печурки по најдобар рецепт

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

Динстано телешко со печурки

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Брзо и посно: Печурки со сусам

Мусака со печурки

Печурки во бел сос