На здравје за светскиот ден на пивото! Имаме одличен рецепт за сладолед од пиво

На здравје за светскиот ден на пивото! Имаме одличен рецепт за сладолед од пиво

Денес е светскиот ден на пивото. По тој повод направете необичен сладолед со пиво по овој вкусен рецепт.

Верувале или не, може да направите идеален сладолед за својот сопруг или партнер, а рецептот кој ви го предлагаме е сладолед од пиво.

Состојки:

  • 200 гр млечна чоколада
  • 1 шолја млеко
  • 100 гр шеќер
  • 4 жолчки
  • 1 шолја павлака за готвење
  • 180 мл пиво
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • малку сол

Подготовка:

  1. Чоколадото се става да се растопи во сад, а во посебен сад се ставаат млекото, шеќерот и малку сол.
  2. Изматете ги жолчките, па додајте ги во садот со млеко, шеќер и сол. Мешајте за да се соедини смесата, и крчкајте додека не се згусне. Потоа измешајте ја со чоколадото.
  3. Додајте ги павлаката, пивото и ванилата и сè убаво соединете.
  4. Ставете ја смесата во сад и ставете ја во ладилник.
  5. Пред да сервирате изрендајте чоколадо одозгора.
  6. Уживајте и гответе со љубов!

Повеќе поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Скапо ви е 20 денари за топче? Погледнете ја цената на овој сладолед

Урнебесно: Реакцијата на мало дете кое прв пат пробува сланина (видео)

ВИДЕО: Сладолед од кокос и боровница – неодолив домашен рецепт

Рецепт за брз и нискокалоричен сладолед со 3 состојки

ВИДЕО: Еве како да направите похован сладолед

Чиа пудинг

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

ВИДЕО: Како да излупиме лук, јајце, банана и компир за 5 секунди?