Двете омилени јадења на сите генерации соединети во едно: Пица макарони

Двете омилени јадења на сите генерации соединети во едно: Пица макарони

 Што е повкусно – пица или макарони? Одговорот е двете омилени јадења соединети заедно. Направете вкусни тестенини со сос за пица и уживајте во вкусот.

Состојки:

  • 400 гр макарони
  • 300 гр шампињони
  • 200 гр кашкавал
  • 100 гр шунка
  • сирење
  • доматно пире
  • оригано 
  • малку маргаринСостојки за прелив:

     

  • 2 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • Малку сол

Подготовка:

  1. Макароните се варат вообичаено, во врела солена вода со малку масло. Потоа се цедат со ладна вода, па се става во нив кашкавал, сирење на коцки, кечап, оригано и шунка.
  2. Печурките се пропржуваат на тава со масло неколку минути, па и тие се додаваат.
  3. Сè се соединува, па се става во огноотпорен сад, подмачкан со малку маргарин.
  4. Се додава уште малку кечап и сирење, па се матат јајцата со јогуртот и малку сол и смесата се посипува одозгора.
  5. Се пече околу 20 минути на 200 степени.

Повеќе вести на Готви.мк

Многу добра вест! Тестенините помагаат во слабеење

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук