Толку меко и вкусно: Пилешко во тесто

Толку меко и вкусно: Пилешко во тесто

Направете неодолива комбинација од тесто и пилешко месо која викендов ќе го собере целото семејство на трпеза.

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 250 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 квасецСостојки за фил:
  • 250 гр пилешки прсти
  • 250 гр шампињони
  • 200 гр кашкавал
  • 1 јајце

Подготовка:

  1. Од млекото, брашното, маслото, квасецот и малку сол и шеќер замесуваме тесто. Откако ќе нарасне за еден час, поделете го на четири дела и подгответе го за филување.
  2. За подготовка на филот потребно е пилешкото месо да го исечете на ленти и да го пропржите во тава со масло.
  3. Во секое тесто ставете лента пилешко, 50 гр кашкавал и печурки, па замотајте.
  4. Изматете јајце, намачкајте го тестото, ставете го во тепсија и печете на 200 степени околу 20 минути.
  5. Може да декорирате со кечап, сенф и мајонез, како и павлака.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица

Домашна пица

Домашна пица капричиоза

Посно и вкусно: Фурнарини за 1 минута

Пица лазањи – рецепт кој сите го бараат

Пица салами

singlepost_text