Највкусниот ролат со месо – не се знае дали е подобар топол или ладен

Највкусниот ролат со месо – не се знае дали е подобар топол или ладен

 Направете го највкусниот ролат со месо кој освен што има неодолив изглед, има и неодолив вкус. Може да го комбинирате со компири или друго по желба.

Состојки:

  • 600 гр мелено месо
  • 100 гр моцарела
  • 100 гр печеница
  • 1 јајце
  • 2 лажици презла
  • 1 лажица масло
  • 1 лажица вегета
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1/2 лажиче сол
  • 2 кромида

Подготовка:

  1. Во чинија ставете го меленото месо, додајте зачини, испасиран кромид, јајце, презла, и сè добро соединете. Во посебна чинија изрендајте моцарела.
  2. На фолија ставете го месото, натапкајте го, па ставете на средина печеница и моцарела.
  3. Направете векна, така што печеницата и кашкавалот ќе бидат на средина. Ставете ја фолијата во плех, дупнете ја со вилушка на неколку места да се испече, па ставете да се пече на температура од 180 степени 45 минути.

Повеќе рецепти на Готви.мк

ВИДЕО: 3 брзи видео рецепти за пица

Печена пица палачинка

Пица на два ката

ВИДЕО: Рецепт за пица кој не се пече во рерна

Домашна пица капричиоза

Посна пица

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

 

singlepost_text