Gotvi.mk препорака: Смути со лубеница и чиа семе

Gotvi.mk препорака: Смути со лубеница и чиа семе

Освежително, ледено, здраво и слатко! Неодоливо задоволство во чаша, создадено за летните месеци.

Состојки (за 2 лица):

  • 240 гр свежа лубеница
  • 120 гр замрзнати јагоди
  • 1/2 банана
  • 120-180 мл млеко од бадем
  • 30 мл цедена лимета
  • 1 лажица чиа семе

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во блендер и блендајте додека смесата не стане кремаста и хомогена.
  2. Доколку сакате пијалокот да биде поредок, додадете повеќе бадемово млеко, или пак доколку преферирате погусто смути додадете повеќе замрзнати јагоди или мраз.
  3. Сипете во стаклена чаша и украсете со парче лимета.

ФОТО и рецепт: Delicatessen Tinex

Рецепт за Десерт со јагоди и крем сирење прочитај ТУКА

Рецепт за Папардели паста со песто од ореви и рукола прочитај ТУКА