Охрид ќе пулсира во кубански ритам

Охрид ќе пулсира во кубански ритам

Оваа година Охрид по втор пат ќе биде домаќин на вториот Меѓународен Кубански Танцов Фестивал во Македонија – „Хола Охрид“. Настанот ќе се одржи во организација на Tанцовиот клуб „Сонриса“.

Кубанските звуци ќе одекнуваат во Охрид во периодот од  5 до 7 август, во хотелот Конгресен Центар Охрид, каде кубанската енергија  ќе ја пренесат инструктори од Куба и соседните Балкански земји.

Во рамките на фестивалот ќе се одржат работилници и танцови забави, водени од вкупно петнаесет артисти кои доаѓаат надвор од нашите граници – дванаесет инструктори и тројца познати латино Ди Џеи. Артистите доаѓаат од далечната Куба, како и од Србија, Црна Гора, Грција, Унгарија и Полска. Фестивалот официјално ќе го посетат преку 250 гости од Македонија и странство, од кои голем дел доаѓаат од Европските земји.

Дневната програма ќе опфати едукативни работилници од танцов карактер со екстра активности како игри без граници и организирана тура низ Охрид, како би можеле гостите да ги запознаат убавините што ги крие овој град. На самите работилници ќе се изучуваат техниките и тајните на сите кубански танци, како Салса, Румба, Оришас, Регетон, Руеда Де Казино како и познатите сензуални танци Бачата и Кизомба. Вечерната програма ќе се состои од забави од отворен карактер, достапни и за сите оние кои нема да бидат дел од семинарот, а сепак ќе сакаат да уживаат во шоуто кое ќе го понудат артистите.

Минатата година овој фестивал успеа да ги надмине очекувањата и доби своја „титула“ за најдобар организиран прв Кубански фестивал на нашите простори. Поради големиот успех кој го достигна овој фестивал организаторите очекуваат настанот „Хола Охрид“ повторно да ја одбележи 2016 година на македонската танцова сцена, како и да прерасне во традиционален забавен викенд-настан во градот Охрид.

Повеќе информации ТУКА

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Со Нордиска диета слабејте без гладување

Протеините – основа на ефикасните диети

ВАЖНО: 5 намирници за рамен стомак ова лето

Мед диета: Ослабете 2 килограми за 3 дена

Брза диета според вашата градба на тело

Диета со која ќе се ослободите од дебелите бутови, широки колкови и салото на стомакот

Диета која се држи 7 дена со вашата омилена храна

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

10 „убијци“ на вишокот калории

Ако појадувате ќе ослабете и ќе го забрзате метаболизмот – Еве како

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

 

Преземено од Прес24

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*