Сладолед полн здравје: Ледено авокадо во тропските денови

Сладолед полн здравје: Ледено авокадо во тропските денови

Направете едно поинакво освежување во домот. Сладоледот од авокадо освен што е вкусен, носи големи придобивки по вашето здравје.Авокадото е овошје кое прави да се чувствуваме посреќни и кое е многу здраво, а особено е погодно за жените.

Авокадото е богато со витамини, па токму затоа се препорачува во исхраната, а се користи и во многу козметички производи. Има антибактериско дејство и малку калории и масти.

Кај него витаминот Б е застапен 10 пати повеќе отколку кај било кое друго овошје и зеленчук.

Готви.мк ви нуди здрав сладолед со неодолив вкус.

Состојки:

  • 2 авокада
  • 8 лажици млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 2 лажици како
  • 2 лажици масло
  • 50 гр чоколадо

Подготовка:

  1. Авокадото се сече на парчиња и се става во блендер додека не се добие крем од него, па се додаваат сите останати состојки.
  2. Се меша уште неколку минути, се става смесата во сад и се замрзнува.
  3. Можете да декорирате со чоколадо или парчиња авокадо одозгора.

Поврзани вести на Готви.мк:

Скапо ви е 20 денари за топче? Погледнете ја цената на овој сладолед

Урнебесно: Реакцијата на мало дете кое прв пат пробува сланина (видео)

ВИДЕО: Сладолед од кокос и боровница – неодолив домашен рецепт

Рецепт за брз и нискокалоричен сладолед со 3 состојки

ВИДЕО: Еве како да направите похован сладолед

Чиа пудинг

Брзо и освежително: Смути од шумски плодови

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

ВИДЕО: Рецепт за леб кој не се меси

ВИДЕО: Како да излупиме лук, јајце, банана и компир за 5 секунди?