Слатко задоволство: Кока кола мафини

Слатко задоволство: Кока кола мафини

Постојат повеќе видови мафини – солени, благи, овошн… но сигурно не сте чуле за мафини со кока кола. Ви нудиме одличен рецепт за супер брз и вкусен десерт.

Состојки:

  • 500 мл кока кола 
  • 120 гр какао 
  • 120 гр путер 
  • 250 гр шеќер 
  • 250 гр брашно 
  • прашок за печиво 
  • 1 лажиче сол
  • 2 јајца

Подготовка:

  1. Во сад на оган ставете ги кока колата, какаото и путерот да се растопат и соединат, па додадете го шеќерот. Оставете ја смесата да се олади. 
  2. Во друг сад изматете ги јајцата и додадете ги постепено мешајќи во смесата. 
  3. Во трет сад измешајте ги прашокот за печиво, солта и брашното. Потоа, сè ова се додава во течната смеса и се меша додека да стане компактно. 
  4. Смесата се става во калапи со масло и се пече 20 минути на температура од 220 степени. 
  5. Можете да декорирате со чоколадни мрвици, кокос или бисквит по желба.

Поврзани вести на Готви.мк

Чоколадни мафини

Капкејк мафини

Ултра брзи пица мафини

Мафини од банани

Брзи овесни мафини

ВИДЕО: Мафин рози од јаболко

 

singlepost_text