Направете вкусно пилешко месо во тава кое има одличен вкус и ќе го собере целото семејство на трпеза. Идеален ручек за сите генерации 🙂
Состојки:
- 1/2 пилешко филе
- 2 лажици маслиново масло
- 1 дл млеко
- зачини по избор
- 1 јајце
- 2 лажици пармезан
- презла
- малку брашно
- масло за готвење
Подготовка:
- Пилешкото филе се посолува со зачини по желба, па потоа се меша млекото со маслото, се додаваат зачини по вкус и филето се прелива со смесата. Се става во ладилник да отстои околу два часа.
- Откако ќе го извадиме од фрижидер маринираното пилешко филе, убаво го поминуваме во јајце, брашно, презла, пармезан и малку масло.
- Го ставаме во тава и печеме 30 минути на 200 степени покриено со фолија.
- Пет минути пред да го извадиме месото ја тргаме фолијата и го враќаме назад во рерна да се допече.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт
Зеленчукова ужинка за на работа
Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки