Вкусот на детството: Направете киндер мафини

Вкусот на детството: Направете киндер мафини

Нема човек кој не ги сака киндер чоколадите. Тие не потсетуваат на нашето или детството на нашите најмили и имаат навистина одличен вкус. Сега може да го израдувате семејството со мафини од најубавите чоколади. Еве како да направите киндер-мафини:

Состојки:

  • 100 гр киндер чоколадо
  • 100 гр чоколада за готвење
  • 100 гр шеќер
  • 1 прашок за печиво
  • 250 гр  брашно
  • 250 мл јогурт
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 70 гр путер

Подготовка:

  1. Во сад се матат путерот, шеќерот и ванилиниот шеќер. Се додаваат јајцата, брашното со печивото, па јогуртот. Потоа се додава и чоколадото на парчиња.
  2. Се полнат калапи за мафини и се печат околу 20 минути на 180 степени.
  3. Врз мафините растопете киндер чоколада и прелијте ги.

Поврзани вести на Готви.мк

ВИДЕО: Мафини со сирење готови за 10 минути

Чоколадни мафини

Капкејк мафини

Ултра брзи пица мафини

Мафини од банани

Брзи овесни мафини

ВИДЕО: Мафин рози од јаболко

 

singlepost_text