Домати како деликатес: Тава со богат вкус

Домати како деликатес: Тава со богат вкус

Со неколку состојки ќе добиете вкусен и здрав ручек за кој ви е потребно околу половина час за подготовка.

Состојки:

  • 6 домати
  • 3/4 шолја фета сирење
  • 1 лажица масло
  • сол
  • бибер
  • магдонос за декорација

Подготовка:

  1. Измијте ги доматите и исечете им ги врвовите, па издлабете ги со лажица, но не ја фрлајте смесата.
  2. Ставете ги доматите во огноотпорен сад за печење со малку масло, па во нив ставете смеса од фета сирењето, магдоносот и остатокот од доматите кои претходно сме ги измешале во еден сад.
  3. Ставете сол, бибер и масло и наросете уште малку магдонос, па поклопете ги со врвовите од доматот.
  4. Печете околу 10 минути на температура од 180 степени.

Повеќе рецепти на Готви.мк

ВИДЕО: Со мелено месо и лименка од пиво направи врвен специјалитет

Гурманска домашна плескавица

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

Замена за пржење: Еве како да подготвите крцкав помфрит во рерна

 

singlepost_text