Ручек идеја: Пилешки ќофтиња со пржени компирчиња

Ручек идеја: Пилешки ќофтиња со пржени компирчиња

Направете супер богат и вкусен ручек за целото семејство. Верувајте, ќе уживаат сите генерации во вашиот дом

Состојки:

  • 500 гр пилешки стек
  • 2 јајца
  • 100 гр презла
  • 1 лажичка вегета
  • 1 лажичка оригано
  • 100 гр кашкавал
  • 50 гр сусам
  • 500 гр компири

Подготовка:

  1. Најпрво пилешкиот стек ситно го сечеме, па додаваме сол, вегета, оригано и едно јајце. Правиме ќофтиња во чија средина ставаме од кашкавалот.
  2. Секое ќофте го поклопувме и убаво го поминуваме во сад со изматено другото, потоа во презла и сусам.
  3. Ќофтињата ги пржиме во тава со масло.
  4. Како додаток испржете и компирчиња.
  5. Неодоливо вкусен ручек. На здравје!

 Поврзани вести на Готви.мк

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

СОВЕТ: Како да направите добра маринада за скара на жар

9 совети за вкусна и сочна скара

Зеленчук на скара