Рецепт за тестенини со сос од сланина – Одлично оди со чаша црвено вино

Рецепт за тестенини со сос од сланина – Одлично оди со чаша црвено вино

Тестенините се брзи се за подготовка, а најважно од сè, може да се прават на милион начини така што вкусот никогаш нема да ни здодее.Овој пат ви нудиме сос со сланина кој е идеален за сите гурмани.

Состојки:

  • 1 кромид
  • 1/2 чешне лук
  • 250 гр сланина
  • 500 гр шпагети
  • 2 јајца
  • сол
  • бибер
  • масло
  • зачини по желба

Подготовка:

  1. Се ставаат шпагетите да се сварат според упатството на кесичката, а во меѓувреме на тава се пржи кромидот со лукот и сланината.
  2. Откако ќе бидат готови шпагетите, се цедат, а потоа врз нив се ставаат матените јајца и зачини.
  3. Одозгора ставете ја смесата од кромид, лук и сланина и убаво промешајте. Сервирајте во чинии.

Поврзани рецепти на Готви.мк

Свежа салата со тестенини

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Тестенини во песто сос

Хот дог шпагети – одличен рецепт кој и дете може да го направи

Варите шпагети во тенџере? – правите голема грешка

Најбрзо слабеење според хороскопскиот знак

Таљатели со зеленчук