Интегрални веге шпагети – пробајте, ќе ви се допаднат

Интегрални веге шпагети – пробајте, ќе ви се допаднат

Ако имате дилеми дали интегралните шпагети се еднакво вкусни како и обичните, ве уверуваме дека тоа е така. Не е голема филозофија да сварите интегрални шпагети, а начинот на готвење е ист како и за обичните шпагети.

Состојки:

  • 1/2 пакетче интегрални шпагети
  • 100 грама кромид
  • 20 грама феферонки
  • доматен сос или кечап
  • маслиново масло, малку сол, црн пипер и оригано

Начин на готвење:

  1. Сварете ги интегралните шпагети според упатството на кесичката.
  2. Откако ќе се сварат, убаво исцедете ги и полијте ги со малку маслиново масло, а додајте и црв пипер и оригано.
  3. Исецкајте ги младиот кромид и феферонките на мали парчиња.
  4. Сервирајте ги шпагетите во посебен сад и додајте повеќе доматен сос или кечап. Одозгора ставете ги сецканите млад кромид и феферонки.
  5. По избор, можете да додадете и мала конзерва туна.

На здравје!

Поврзани вести на Gotvi.mk:

ВИДЕО: Брзи готварски трикови за совршени тестенини

Направете домашен песто сос со тестенини

Совет: Не ја фрлајте, искористете ја водата во која варите тестенини

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

ВИДЕО: Шпагети aлполи

Италијанско предјадење за цело семејство

Ориентални шпагети

Медитерански фусили

Јуфки трио формаџо

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*